Има еден другар што никогаш не го изневерува оној што се потпира на него. Си стои тивко на страна, молчи додека не го прашуваат, секогаш е доверлив и нуди најдобри решенија. Тој пријател од соништата е книгата – скровиштето на знаењата.

Преку пишаниот збор откриваме нови светови и се запознаваме со многу поучни содржини.

Лектирите од секогаш се најдобриот пријател на учениците, нивен личен тренер преку кој го збогатуваат нивниот речник, го јакнат телото но и нивниот дух.

А, нели здравото тело и здравиот дух се рецептот за среќно детство?!

Како знак на добредојде во светот на книгите и поттик за понатамошно читање денес реализиравме работилница со учениците од прво одделение под менторство на наставничката Јасмина Гочевска, обработувајќи ја лектирата „Касни – порасни“

Целта на настанот беше: да се поттикне љубовта кон книгата и читањето уште од најрана возраст да се нагласи значењето на читањето во когнитивниот, емоционалниот и социјалниот развој на учениците и да се истакне колку е значајна улогата на литературата, особено лектирите, во едукацијата на учениците.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook