Денес НУУБ ,,Св.Климент Охридски” Битола и ОУ ,,Кочо Рацин” од с. Ивањевци, Могила го одбележаа светскиот Ден на литературата за деца.
Под мотото ,,Креирема свет од бајки” учениците и наставниците претставува ликови од омилените бајки, креираа збирки од познати бајки, играа драмски игри и игри на улоги ,,библиотекари”. Учителката Весела Богдановиќ на новите генерации им го презентираше своето литературно творештво на објавени бајки и книги за деца.
Учениците имаа прилика да научат и практично да сфатат како се креираат нови бајки со популарни и уникатни ликови, по методологија по која беше креирана и збирката детски бајки ,,родена” во училницата на учителката.
Да се потсетиме, збирката ,,Магични стапчиња шарени лижавчиња” е издадена во 2018 година од страна на Просветно Дело како единствена збирка од овој вид во земјава, креирана и илустрирана со ученици од најмала возраст, која воедно нуди и математички проблемски приказни и приказни со социо-емоционални пораки и поуки.
Денес преку практични активни беше презентиран и проектот ,,КВЕЛТ 1″ поддржан од Гаус Институт за нови технологии иновации и трансфер на знаење и Ектер центар за едукација и развој, базиран на содржини од детскиот интерактивен роман,,Авантурите на госпоѓицата Жолтоперковска” заснован на повеќе области од Националните стандарди за квалит на образованието и воспитанието на децата. И повторно станува збор за литературно дело за деца инспирирано токму за време на часовите на учителката Весе во ОУ ,,Кочо Рацин”.
Кочо РацинVese Vesela Bogdanovic
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook