Во духот на претстојните празници креиравме една прекрасна сликовница насловена „Велигденска приказна“ со учениците од ДЦУРО „Св. Наум Охридски“-Скопје со дисперзирана паралелка во Битола. Оваа работилница е дел од проектот „Креативни забавни работилница за поттикнување на читањето кај деца со попреченост“ и е трета по ред.

„Сите сме исти, но истовремено и различни“ е мотото на овој проект кој е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија и има за цел да покажи дека инклузијата може да се спроведува на многу различни начини.

„Велигденската приказна“ е сликовница која овие ученици ја изработија со помош на професорките по праксаЕлена Чукалеска и Даниела Димчевска и координаторите на проектот м-р Гордана Ѓоргиевска Неделковски и Вера Марковска.

„Љуби го својот ближен како себеси“

„Простете си еден со друг“

„ Се е можно на оној што верува“

И уште многу пораки исполнети во духот на празничната магија ја красат сликовницата.

Кога ќе видете дека овие деца со искрени срца ве прифаќаат и ви возвраќаат во иста мера, знаете дека сте ја постигнале целта.

Да ги запознаеме овој пат:

Теа која кога ќе порасни сака да работи во библиотека.

Тео кој сака да игра фудбал.

Никола кој секогаш ни е најголема поддршка и секогаш ни дава чиста петка за креативните активностите.

Овој лист го испишавме, за брзо отвораме нов, со нова работилница

Координатори на проектот

М-р Гордана Ѓоргиевска Неделковски

Вера Марковска

Ирена Колевска

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook