НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола започнува со реализирање на нов проект „Креативни работилници за поттикнување на читањето на деца со попреченост“ поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија. Со оглед дека нашата Библиотека секогаш се стреми кон инклузија на овие деца и секогаш наоѓа начин како тие да добијат поголема пристапност до книгата, во наредните неколку месеци ќе се реализираат 6 забавни и едукативни работилници. Во проектот ќе бидат вклучени дваесеттина деца.Првата работилница ќе се одржи на 31.3.2022 година во просториите на Библиотеката со почеток во 18 часот.Проектот ќе го реализираат библиотекарите: м-р Гордана Ѓоргиевска – Неделковски, Вера Марковска и Ирена Колевска. Библиотеката е дом за секого, катче за забава за секого. Со нетрпение го очекуваме почетокот!