Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола и Здружението на дијабетичари на општина Битола распишува конкурс на тема:
„Слатки- горчини“
Сите заинтересирани можат да ни ги споделат свои животни приказни во кратка проза или поезија се со цел да ја разбудиме свеста кај народот за оваа подмолна и доживотна болест, која се повеќе се шири за жал, а не ги поштедува ни најмалите.
Секој учесник од целата наша држава и пошироко има право да учествува со поетски творби или раскази на темата „Слатки -горчини“ , напишани во формат times new roman, со македонска поддршка, со големина 12. Творбите треба да ги содржат следниве податоци: име и презиме, возраст, адреса, телефонски број.
Творби треба да се достават на следниот е-мail: nuub.bitola@gmail.com
Конкурсот трае од 1 јули до 1 декември.
Сите собрани творби ќе бидат објавени во книга, а учесниците ќе бидат пригодно наградени.
Објавено од: Слободан Пачовски
22 Jun, 2023