Конкурс за краток расказ
По повод Осми март – Меѓународниот ден на жената, Организација на жени на Општина Битола – Битола и НУУБ ,,Св.Климент Охридски,, – Битола распишуваат традиционален литературен конкурс за краток расказ.
Право на учество имаат сите автори кои пишуваат на македонски јазик.
Пропозиции
*Тема – ,,И цвеќе и шлаканица”
*Расказот (во 3 примероци) да е најмногу 3 страници А 4 формат. Се потпишува под шифра и се става во поголем плик.
*Во помал плик се пишува решението на шифрата со име и презиме на авторот, адреса и телефонски број. Малиот плик се става во големиот плик.
*Расказите да се во Word, Times New Roman, фонт 12 и кирилично писмо.
*Конкурсот е отворен од 25 Јануари 2024 год. до 25 Февруари 2024 год.
# Доколку ученици испраќаат раскази ги замолуваме да напишат ,,ученик” во решението на шифрата.
*Се испраќа на следната адреса
Светлана Папачек
Климент Охридски бр.1
7000 Битола
Расказите ќе ги оценува реномирана жири комисија. Ќе бидат доделени 3 симболични награди.
За датумот на доделување на наградите ќе има дополнително известување.
Ги замолуваме авторите да го почитуваат рокот за испраќање на расказите.
Со среќа на сите.