На 13.04.2026 година во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, се одржа Ораторски натпревар на тема: „Кому му припаѓаме – на себеси или на туѓите очекувања?“

На овој натпревар учество зедоа 16 ученици од средните училиште во Битола.

Настанот го отвори директорката на Библиотеката, м-р Емилија Стефановска-Давкова посакувајќи им успешно ораторство на младите со зборовите:

„Зборувајте храбро и не плашете се од грешки. Најголемите говорници не станале успешни преку совршенство, туку преку искреност, труд и верба во тоа што го кажуваат.“

Пред присутните се обратија и координаторите на овој настан:

Симона Петровска, професор по македонски јазик и книжевност од СОУ „Јосип Броз Тито“ која истакна:

„Во време кога многумина зборуваат гласно, а малкумина навистина се слушаат, ораторството останува сила што не дозволува мислата да замолчи. Овој натпревар има за цел да се поттикне критичкото мислење, јавниот настап и креативното изразување кај младите.“,

и м-р Гордана Ѓоргиевска Неделковски, виш библиотекар од НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, која додаде:

„Искрено посакувам токму вие да бидете младина што ќе создава подобра иднина — младина што ќе размислува критички, ќе има храброст да поставува прашања, да критикува, да предлага решенија и со својот глас да нè води напред.“

Со свои мисли и ставови, 16 ученици се потрудија да ја убедат тричлената комисија зошто нивниот став е најдобар, зошто нивното размислување е најкритичко, а нивниот збор највпечатлив.

Тричлената комисија во состав:

1. Магдалена Сајковска, наставник по македонски јазик во ОУ „Стив Наумов“ – Битола,

2. Николина Ѓуровска, наставник по македонски јазик и литература во СОУ Гимназија „Јосип Броз – Тито“ – Битола и

3. Гордана Ѓорѓевска Неделковски – виш библиотекар во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола

Едногласно одлучи дека оваа година, со најдобри ораторски говори се:

1 место

Јана Китановска, II-1, СОУ „Јосип Броз – Тито“ – Битола

2 место

Ана Јоновска, I година, ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“ – Битола

3 место

Антониј Кумановски, I клас,Државно музичко училиште – Битола

Честитки и до останатите учесници и нивните ментори

  • Марија Грчевска, ДСУ Спортска академија
  • Матеј Илиевски,I-5, СОУ „Јосип Броз – Тито“ – Битола
  • Марија Грчевска, ДСУ Спортска академија
  • Александра Ристевска, III година, ДСУ Спортска академија
  • Лина Чашитовска, IV-2, СОУ „Јосип Броз – Тито“ – Битола
  • Даниела Гашовска:III година, СОЕУ „Јане Сандански“ – Битола
  • Јана Андоновска, II-2,СОУ „Јосип Броз – Тито“ – Битола
  • Сара Гашовска, II година, СОЗУ „Кузман Шапкарев“ – Битола
  • Елена Јаковлевска, I година, СОЗУ „Кузман Шапкарев“ – Битола
  • Ивана Стојчевска, II, СОУ „Јосип Броз – Тито“ – Битола
  • Јована Колевска, I година, СОЗУ „Кузман Шапкарев“ – Битола
  • Софија Гакова, I година,ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“ – Битола
  • Ена Крстеска, I година, ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“ – Битола

Менторите на учениците – говорници :

• Вилма Костовска

• Елизабета Јончиќ

• Христина Зариевска

• Дијана Котевска

• Филип Марковски

• Никола Трајковски

• Симона Петровска

На учениците им посакуваме храбро, слободно и гласно да продолжат да говорат. И една многу честа реченица, но навистина е така: „Без разлика на тоа кој победи денес, Вие сите заслужувате еднаква почит“.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook