Вечер исполнета со инспирација, искрени разговори и љубов кон книгата во НУУБ „Св. Климент Охридски“.
Панел дискусијата посветена на семејството, децата, читањето и предизвиците на дигиталното време обедини многу позитивна енергија, мудри мисли и важни пораки за сите генерации.
Особена благодарност до панелистите:
▪️ м-р Емилија Стефановска-Давкова
▪️ Наташа Бекирова
▪️ Јасна Ѓоргиевска
▪️ Наташа Тодоровска
како и до модераторот м-р Фатма Бајрам Аземовска, библиотекар советник и раководител од областа на Развој на библиотекарството, меѓународна соработка, маркетинг и односи со јавноста.
Благодарност и до сите посетители и поддржувачи што беа дел од ова значајно дружење и придонесоа библиотеката повторно да биде место на дијалог, знаење и блискост.
Веруваме дека токму преку книгата, разговорот и заедничките вредности создаваме подобра иднина за нашите деца и нашето општество.
15.5.2026
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook