Нашите третоодделенци од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Битола во класот на наставничката Мелина Христова го имаат нивниот клуб на читатели, наречен „Клуб на читатели на Исидора Мун и Мирабела“. Овие преслатки трето одделенци во нивниот клуб на читатели месечно читаат и по неколку книги од овие серијали на книги, а потоа си ги разменуваат и си дискутираат што најмногу им се допаѓа.

Денес со библиотекарката разговараа за фондот на книги што го поседува нашата библиотека и што следно можат да читаат, а е наменето за нивна возраст.

Ова се ученици кои од прво одделение другаруваат со нашата библиотека, нивната љубов кон книгата е надеж, дека вистинската книга е богатство само треба да се пронајди и тогаш љубовта кон пишаниот збор само се зголемува.

Искрено се надеваме дека и други вакви клубови на млади читатели ќе бидат дел од нашето семејство.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook