По повод претстојните Велигденски празници НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола ја реализира првата работилница со креативните ученици од прва година од текстилна насока од СОУ „Таки Даскало“ – Битола под менторство на професорката Ема Ќука. Во оваа работилница учениците од специјален материјал – филц, изработија дел од велигденските украси. Најразлични зајачиња, пилиња, морковчиња, се само дел од украсите кои овие ученици ги изработија. Со нетрпение ја очекуваме втората работилница..

Facebook link