Во холот на библиотеката поставена е изложба на фотографии со наслови на книги на еден поинаков начин, насловена #BOOKFACE „Другото лице на книгата“

Не ја судете книгата според нејзината корица😀. Нека книгата биде ваш пријател, со која ќе се дружите и ќе се забавувате. Книгите имаат милиони начини да не направат среќни.

Им благодариме на читателите кои беа дел од оваа активност: Елизабета Ќебакоска, Јована Трајчевска, Анисија Делев, Билјана Андоновска, Тома Делев, Јована Матевска Атанасова, Ангела Пандовска и Андреа Илијовска кои помогнаа овој сон да стане реалност.

Фотограф – Ивана Христова

Координатор на проектот м-р Гордана Ѓоргиевска-Неделковски

Повеќе фотографии на следниот линк: Facebook post