Во холот на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола по повод 24 Мај – Денот на македонските и сесловенските просветители и учители Кирил и Методиј, поставена е тематска изложба на книги. Големите македонски и сесловенски просветители Светите браќа Кирил и Методиј се основоположници на словенската писменост и литература и се заслужни за културниот развој на сите словенски народи.
Националната установа – Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола на сите наши сограѓани, им го честита празникот.