Кои се традиционални медиуми, а кој медиуми се дигитални, денес заедно научивме со учениците од V одд. од ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ – Битола кои со своите наставнички Јулијана Наумовска и Светлана Бушиновска ја посетија нашата библиотека.
Учениците имаа можност да ја разгледаат библиотеката, да разговараат и сами да ги одредат сите печатени медиуми кои ги сретнаа во неа. А тоа се: книгите, весниците, списанијата, плакатите итн.
После прекрасната презентација која ни ја подготвија и презентираа учениците, тие имаа за задача сами да одредат во кои медиум спаѓа библиотеката.
После заедничка дискусија, научивме дека библиотеката е традиционален печатен медиум но и дигитален медиум бидејќи голем фонд на книги веќе се дигитализираат, се користат социјалните мрежи, веб страните итн.
Оваа посета ја искористивме да ја потенциравме важноста од користењето на печатените медиуми, како правилно и корисно да ги користиме дигиталните медиуми, бидејќи сите заедно се сложивме дека дигиталните медиуми се користат без целно, а не за она што првично беа наменети, а тоа е брз и корисен извор на информации.
Повеќе фотографии на следниот линк: Facebook link