Закити се со книга

– работилница за сите возрасти-

По повод Патрониот празник на Библиотеката воведуваме нови креативни програми за сите возрасти.

На покана од библиотеката Ромина Милетиќ, дизајнер на ентериери од „Арт корнер“ Студио за дизајн одржа работилница „Закити се со книга“ каде учесници од различни возрасни групи имаа прилика да изработат брош во форма на книга.

Во пријатна атмосфера со чај и ситни колачиња библиотекарите ги пречекаа учесниците во новиот простор на библиотеката – Дневна соба на градот.

Ако сликите зборуваат повеќе од илјада зборови, Ве покануваме да ја проследите галеријата на фотографии на нашите социјални мрежи и воедно ве очекуваме заедно да ги креираме активностите кои ќе ја потполнат нашата посветеност кон организација на нови иновативни библиотечни програми.

Зимските месеци се право време за дружење со книгата. Посетете ја библиотеката, дадете ни предлози за креативно користење на слободното време и бидете дел од големото семејство на читатели.

Ве очекуваме!

Дневна соба, 6.12.2023 година

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook