Денес како дел од Еразмус + проектот „Еко-пријателска мобилност“ се одржа Фестивал за еко-мобилност.
Ученици и родители од завршните одделенија од основните училишта „Ѓорѓи Сугарев“, „Даме Груев“ и „Трифун Пановски“ – Битола возеа велосипеди од спортската сала „Боро Чурлевски“ до Зоолошката градина. Потоа во Зоолошката градина низ игра и песна се прослави Светскиот ден на животната средина, 5-ти јуни, со цел да се промовира концептот на еко-пријателска мобилност преку пригодна програма подготвена од учениците и наставниците.
На настанот беа присутни и родители кои го искажаа своето задоволство од целиот проект.
На крајот од настанот м-р Бојан Стефановски, директорот на НУУБ „Св.Климент Охридски“ – им ги додели наградите на најдобрите учесници на изложбата која беше дел од проектот, а воедно се доделија и благодарници на сите учесници.
Наградени ученици се;
1 награда
Леона Лазаревска
Филип Макаријоски
Мартин Кочанковски
Јована Радевска
2 награда
Андреј Бошевски
Христина Ивановска
Анифе Џеловска
3 награда
Мила Дрогишка
Јана Велевска
Томислав Атанасовски
Давид Атанасовски
Менторите:
Наташа Настевска
Гордана Јанкуловска
Катерина Солаковска
Наташа Тодоровска
Настанот беше поддржан од Зоолошката градина – Битола, Ротари Клуб „Широк Сокак“ – Битола, здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“.
Проектот е финансиран од Националната агенција за европски програми и мобилност преку Еразмус + програмата на Европската унија.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook
Објавено од: Слободан Пачовски
5 Jun, 2023