Денес нашата библиотека ја посетија учениците од второ одделение од ООУ и ПОУ „Тодор Ангелевски“ – Битола и Стрелиште со наставничките Виолета Рајчовска, Мирјана Кимова и Рената Велјановска образовен асистент.

Посетата ја започнавме со посета на детскиот магацин, потоа го разгледавме музејот, одделите за периодика и дробен печат, се запознавме со роднокрајниот оддел а за крај имаа можност од библиотекарката да слушнат една прекрасна приказна од сликовницата „ЗАЈАЧЕТО СЛУШАШЕ“ од Кори Доерфелд. Сликовницата има безвременска приказна која треба секое дете да ја прочита.

После разговорот за оваа прекрасна приказна учениците имаа можност да нацртаат една случка која им остави најмногу впечаток.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook