По повод Светска недела на детето која секоја година е првата недела од месец Октомври, НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола, ќе реализира низа активности во градинките во нашиот град.

Оваа активност ја започнуваме со посета на градинката „Коца Василева“, а пред прекрасните мали дечиња ја читавме и обработивме сликовницата „Лара жолтата бубамара“. Сликовница која ја потенцира различноста и прифаќањето на различностите, факти кои се особено важни кај најмалите за да научат да ги прифаќаат и почитуваат различностите.

Прекрасната повратна реакција и детската насмевка, зборува за тоа колку тие уживаат додека некој им чита приказни, зошто приказните се волшепство и незаменлив дел од едно детство.

За крај, со прекрасни песни за есента се разделивме до следното видување во библиотека.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook