Денес ги посетивме првачињата од ООУ „Стив Наумов“ – Битола со кои разговаравме за тоа колку е големо значењето на книгата и која е важноста од читањето на книги. Љубовта кон книгите се раѓа од најмала возраст и токму заради тоа библиотеката ги поклони ваучерите кои им даваат можност да ги користат нашите услуги, а со тоа да го збогатат својот фонд на зборови и да го развијат своето креативно мислење.
На денешната работилница со првачињата ги обработивме сликовниците „Лавот и глушецот“ и „Лисицата и гавранот“ со што преку работа во парови ги развиваме мисловните и говорните способности. Во завршниот дел од часот учениците ги илустрираа сликовниците и ни покажаа колку се радуваат на нашата посета.
Благодарност до наставничките Дијана Христовска и Марија Кочовска од прво одделение и директорот Никола Пискачев за соработката.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook