Секогаш е убаво кога ходниците на нашата библиотека се исполнети со детската насмевка и детската љубопитност. Денес наши гости беа децата од големата група при ЈОУДГ „Бамби“ – Новаци кои заедно со директорката на градинката Марина Кузмановска, воспитувачката Биљана Талевска и негувателката Евгенија Гроздановска ја посетија нашата библиотека.

Во светот на книгите секогаш е волшебно. Таму се кријат милиони непознати работи. Дечињата имаа можност сами да откријат дел од тие волшепства и да уживаат во прекрасната приказна за „Ежето Снеже“.

А тие не изненадија со прекрасна честитка со ликот Бамби.

Им благодариме!

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook