По повод детската недела НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола овој пат ги посети дечињата од детската градинка „Ѕвончиња“. Тие имаа можност од библитекарката да слушнат една прекрасна приказна за една малку поинаква бубамара, а потоа да поразговараат по што сме различни, а што не прави исти. Убавините на приказните се тоа што секој може да ги раскаже на свој начин, да потенцира битни делови според возраста на детето, според темата која сака да ја обработи.

Целта на овие активности е развивање љубов кон приказните, слушање и разбирање на текстот кој друг ни го чита. Вештини кои понатаму ќе им служат на дечињата кога ќе седнат и во училишните клупи.

Дечињата од оваа градинка не испратија со песнички за есента и градинката и со ветување дека ќе дојдат да не посетат, за да се дружиме во библиотека…

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook