По повод месецот на книгата и училишните библиотеки, учениците VI и VIII од ООУ „Тодор Ангелевски“ – Битола, ја посетија нашата библиотека. Тие имаа можност да ја разгледаат библиотеката, да го посетат детскиот оддел и да се дружат со книгите.

За оваа посета да ни биди уште поинтересна учениците од шесто одделение под менторство на наставничката по македонски јазик Наташа Швигер ни се претставија со драматизација на прекрасниот расказ „Итар Пејо и фурнаџијата“, а учениците од осмо одделение под менторство на наставничката по македонски јазик Дијана Андонова, ни се претставија со драматизација на расказот „Недолично однесување“. И од двете драматизации учениците ни посочија преубави поуки, за зачувување на традицијата.

Благодарност до библиотекарката Наташа Настевска за остварената соработката во реализација на денешниот настан.

Учениците ги испративме со убави мисли, а особено ни е драго бидејќи успеаја да најдат книги кои навистина сакаат да ги прочитаат.

Повеќе фотографии на следниот линк: Facebook link