Прославувањето на 5 мај – Денот на македонскиот јазик го завршуваме со интерактивна работилница на тема „Драмата и драматургијата во македонската книжевност“.
Драмските текстови објавени и претставени на македонски народен јазик во 19 век се историски момент за македонскиот идентитет.
Војдан Чернодрински е првиот драмски автор чии дела имаат значајна уметничка вредност. Со трупата „Скрб и утеха“ не поставува само драмски текстови на сцена, туку и дејствува македонскиот јазик да прозвучи на театарската сцена. Драмата е исклучителен книжевен род кој по синкретичен пат го претставува светот и плејада размислувања кои го обликувале човекот. Секоја генерација има носи нови промени и има свои потреби.
Учениците кои го изучуваат предметот – Драмска уметност од СОУ Гимназија „Јосип Броз – Тито“ имаа можност сите информации да ги добијат од драматургот м-р Биљана Тодоровска, наш роднокраен писател. Македонскиот јазик, денес, на театарската сцена, улогата на драматургот, лицата со попреченост и нивната улога во општеството, како проблемот станува текст… беа темите на кои се дискутираше.
Голема благодарност до писателката и драматург Биљана Тодоровска и до менторката и професор Биљана Котевска -Димко за соработката.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook