Оваа година славиме 78 години.
78 години нашата библиотека е во служба на народот, постојано подобрувајќи ги условите за работа се за потребите на нашите верни читатели.
Бидејќи вие, наши драги читатели во изминатава година бевте наши верни читатели, и во секоја од категориите имате прочитано најмногу книги, библиотеката реши да ве награди.
„Секоја книга има душа, душата на личноста што ја напишала и душите на оние кои ја прочитале и сонувале за неа.“
Добитниците на наградите по категории се:
- Најмлад читател- категорија предучилишна возраст со најмногу изнајмени книги : Димитар Алачкоски;
- Категорија – основно образование, добитник е Костадин Христов;
- Категорија – средно образование, добитник е Ангела Брбевска;
- Читател на годината од категорија возрасни во 2022 година е Анастасија Шалевска;
- Категорија -пензионери, добитник Розитка Тодоровска со најмногу прочитани книги во 2022 година.
Оваа година роденденската прослава решивме да ја збогатиме со доделување и на наградите за „ Роднокраен автор за 2022“ година.
Добитници на наградите во три категории се:
1. Наградата за „Животно дело на Роднокраен автор од Битола“ ја добива за жал пост хумано Владимир Костов за целокупното свое животно творештво.
2. Наградата за “Роднокраен автор за 2022 година “-поезија ја добива Даниела Андоновска Трајковска,
3. Наградата за “Роднокраен автор за 2022 година “-проза ја добива Христо Петрески
Им честитаме на наградените и нивните семејства и им посакуваме уште многу успеси и да продолжат да бидат дел од нашата приказна и во иднина.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook