НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола го одбележа 24 мај – Денот на сесловенските просветители браќата Кирил и Методиј со доделување на награди на најдобрите литературно ликовни творби на учениците кои учествуваа на конкурстот на тема „Танцот на глаголицата и кирилицата“.
Овој настан го обогатија и учениците од Едукативниот центар „SmartHead“ и учениците од ООУ„ Елпида Караманди“ – Битола под менторство на наставничката по македонски јазик Сузана Петковска кои пред присутните прочитаа нивни лични творби за ликот и делото на Светите браќа Кирил и Методиј.
Голема благодарност до сите оние кои дојдоа да ги поддржат овие млади ученици и се надевам дека ги поттикнавме и во иднина да творат.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook