На 3 март 2023 во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола се одржа настан на кој беа доделени наградите за кус расказ кои оваа година беа на тема „Чест“.
„Честа за нас е нешто како варта во малтерот, во зградата, таа спојува и држи цврсто, таа ни го држи татковото огниште, домот… За сите нас, честа е нешто големо, свето… ( извадок од драмата Чест издадена во 1953 година од Васил Иљоски)
Што е честа освен девственоста која се поврзува со жената?
Именка од женски род која е целокупниот од морални особини сврзани со достоинството на човека, со неговото добро име во општеството.“, со овие зборови се обрати Светлана Папачек член на комисијата.
Оваа година комисијата беше во состав: Илче Стојановски – НУУБ,, Св. Климент Охридски “ – Битола , Маргарита Кочанковска Папачек дип. Професор по Македонски јазик и книжевност и Светлана Папачек ОЖБ.
Комисијата едногласно ги награди следните учесници поделени во две категории
Категорија ученици:
1. расказ Чест – шифра Феникс13
Анастасија Малеска – Струга
2. расказ Чест – шифра глувче
Ангела Ангелеска – Битола
3. расказ Чест – шифра златна ѕвезда
Фунда Демир – Битола
Категорија возрасни:
1. расказ Чест – шифра се не се продава
Лупче Данилоски с. Другово – Кичево
2. расказ Чест – шифра ТЕТКА
Снежана Паноска – Прилеп
3. расказ Чест – шифра КАРАКТЕР
Весна Шереметкоска – Прилеп
Наградените учесници добија плакети за освоените места, парични награди од S/N финансиско друштво и награда од нашата библиотека.
По доделувањето на наградите учениците од центарот за поддршка во учењето на децата со попреченост при ООУ,,Ѓорѓи Сугарев” – Битола им го честитаа денот на жената на присутните со лично изработени честитки, а Лука Ристановски со неговата песничка „Како сите други”.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook