Библиотекарките од нашата библиотека овој пат другаруваа со учениците од второ одделение од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Битола. Учениците имаа можност да ја слушнат прекрасната приказна за „Лавот и глушецот“, приказна која зборува дека секое добро со добро се враќа. Учениците и сами ни кажаа како тие си помагаат помеѓу себе и како нивното другарче им помогнало кога тие побарале помош од него.
Драги родители, да ги учиме нашите деца да бидат солидарни, да помагаат, но и да побараат помош кога им е потребна.
Од приказните најмногу се учат човечките вредности иако тие се прикажани низ ликовите на животните.
Благодарност до директорката Жанета Тошеска и наставничките Валентина Малковска и Дијана Кузмановска.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook