Денес нашата библиотека ја посетија првачињата од ООУ „Стив Наумов“ – Битола со нивните наставнички Наташа Костовска и Гордана Трифуновска. Посетата ја искористивме за заедно да другаруваме во светот на книгите. Низ ходниците на библиотеката шараа љубопитните очиња на дечињата кои за прв пат влегоа во овој нов свет.
За нив библиотекарката имаше подготвено извадок од „Најубавите басни од Езоп“ а тоа беше басната со наслов „Глувчето под амбарот“. Со моќната порака „преку леб, погача“ првачињата го збогатија речникот со нови зборови кои прв пат ги сретнаа.
За крај со себе понесоа еден спомен, еден цртеж кои сами си го подготвија користејќи ја својата фантазија според басната која ја слушнаа.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook