На наше големо задоволство сакаме да Ви ги соопштиме добитниците на наградата „Роднокраен автор за 2022 година“.

Тричлената комисија составена од:

  • м-р Гордана Ѓоргиевска-Неделковски – претседател, координатор на проектот „Роднокрајни средби на битолските писатели од Македонија“
  • м-р Сања Мучкајева-Видановска – член, прозaист
  • Светлана Папачек- член, поетеса

По разгледаните кандидатури, Комисијата едногласно одлучи оваа година да додели награди во три категории:

– Првата категорија е „Награда за животно дело на Роднокраен автор од Битола“

– Втора категорија е “Роднокраен автор за 2022 година“ – поезија и

– Третата категорија е „ “Роднокраен автор за 2022 година“ – проза.

Образложение:

Оваа година кандидатури поднесоа врвни писатели од различни полиња, поради тоа комисијата по разгледувањето на пристигнатата документација едногласно ги додели следниве награди:

1. Наградата за „Животно дело на Роднокраен автор од Битола“ ја добива за жал постхумно Владимир Костов за целокупното свое животно творештво.

2. Наградата за “Роднокраен автор за 2022 година “ – поезија ја добива Даниела Андоновска Трајковска, со објавени 5 книги во 2022 година

3. Наградата за “Роднокраен автор за 2022 година “ – проза ја добива Христо Петрески, со објавени 5 книги во 2022.

Водејќи се според дадените критериуми, кои јасно кажуваа дека покрај објавените книги, писателите треба да имаат добиено награди и да имаат други придонеси во книжевноста:

– Добитниците имаат освојувано награди на домашни и меѓународни конкурси и во 2022 година.

– Добитниците имаат остварено низа активности и придонеси во книжевноста од широк размер и во 2022 година.

– Добитниците на наградите имаат објавено по 5 книги од различни жанрови: проза, поезија, коавторски дела, преводи и книжевни критики.

(За донесување на оваа одлука Комисијата го зеде во предвид целокупниот ангажман на писателите во 2022).

Наградите ќе се доделат во (петок) 24 март 2023 година во 11 часот по повод роденденот на Библиотеката. Останатите кандидати ќе добијат благодарници за учеството на конкурсот.

Честитки до наградените и нивните семејства!