Во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола се одржа втората работилница „Ацо Шопов низ периодиката“ со ученици од СОУ „Јосип Броз Тито“ – Битола.
Поаѓајќи од идејата да се збогати „Лирскиот дом на Шопов“ со текстови кои Ацо Шопов ги оставил во своето уметничко и есеистичко творештво, а со цел да се даде голема почит пред се на неговата дарба да напише и да остави во аманет она што сме и тоа што треба да бидеме, учениците од Гимназијата “Јосип Броз-Тито” – Битола имаа можност да се најдат “очи в очи” со еден поинаков свет, свет пренесен преку страниците на дневниот весник “Нова Македонија”. Младите генерации за жал се помалку користат периодични пишани медиуми (весници, списанија) кои се дел од книжевната критика. Некогаш традиција од секојдневниот живот на луѓето, традиција да се читаат весници кои сублимирани во неколку страници пренесуваа новости испишани со чист и писмен јазик.
Светот кој што се отвори пред учениците за време на работилниците низ библиотечната периодика ќе биде, веруваме, засекогаш запаметен.
Во чест на годината на Ацо Шопов се потсетуваме на вистинските вредности, за кои ќе знаеме само ако си го запознаеме нашето минато, историја, литература и култура.
И оваа втора работилница беше реализирана под менторство на професорката Симона Петровска и Марија Марковска од одделот периодика со поддршка на директорот на НУУБ “Св. Климент Охридски”, м-р Бојан Стефановски.
Голема благодарност упатуваме до ќерката на великанот Шопов, г-ѓа Јасмина Шопова за идејата и поддршката.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook