По повод одбележувањето на 123-годишнината од смртта на македонскиот револуционер и великан Гоце Делчев, во холот на библиотеката поставена е пригодна изложба на книги, статии и други публикации посветени на неговиот живот, дело и историско значење. Изложбата има за цел да го доближи ликот и делото на Делчев до пошироката јавност и да потсети на неговиот траен придонес во македонската историја и културно наследство.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook