Творештвото на Горан Стефановски е длабоко сраснато во македонската почва, преточено во брилијантен драмски јазик кој комуницира на широки релации и остава длабоки траги во целокупната македонска модерна литература. Тој создаде модел на драма заснована на традицијата, прифатен во нашата татковина, на поранешните југословенски простори, како и во Европа.

Во негова чест, по повод шест годинишнината од неговата смрт со учениците од СОЕУ „Јане Сандански” – Битола, реализиравме драматизација и читање на дел од неговите познати драми: „Диво месо“, „Лет во место“, „Дупло дно“, во читалната во нашата библиотека која е посветена токму на него, неговиот живот и дело, која кај учениците предизвика посебен интерес и воодушевување.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook