На ден 21.04.2026 година, во просториите на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, се одржа креативна и инспиративна работилница со учениците од ООУ „Коле Канински“ – Битола, заедно со нивната наставничка Лидија Павловска, по повод Светскиот ден на книгата (23 април).
На работилницата свое обраќање имаше и директорката на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, м-р Емилија Стефановска Давкова, која ги поздрави присутните и ја истакна важноста на книгата и читањето уште од најрана возраст.
Учениците најпрво се запознаа со функционирањето на детскиот оддел, откривајќи го волшебниот свет на книгите и библиотеката. Потоа следеше заедничко читање на безвременската приказна „Снежана и седумте џуџиња“, која ја разбуди нивната фантазија и љубопитност.
Како посебен момент од работилницата, учениците заеднички изработија една креативна книга инспирирана од приказната. Преку своите цртежи, секое дете постави по едно интересно прашање – што би ја прашале Снежана и седумте џуџиња доколку ги сретнат?
Особена благодарност до наставничката Лидија Павловска за долгогодишната соработка, посветеност и континуираната поддршка во поттикнувањето на љубовта кон книгата кај најмладите.
Дополнително, учениците не израдуваа со чоколади како знак на благодарност, по повод нивните одлични резултати постигнати на натпреварот „Кенгур“.
Нека љубовта кон книгата расте со секоја нова прочитана страница!
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook






