Националната установа – Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола, Француската Алијанса од Битола и ООУ “Даме Груев“ – Битола денеска на ден 12.4.2023 година заеднички го одбележавме празнувањето на католичкиот и православниот Велигден.
Следната недела ќе се одбележи и празникот Бајрам.
Денеска учениците од различни религии имаа можност да научат како се прославува Велигден, научија за католичкиот Велигден на македонски и на француски јазик преку квиз и награди, заедно боевме јајца и на крај имавме мала авантура низ Библиотеката, да бараме каде ни се скриени малите чоколадни јајца. Декорираните јајца се изложени во холот на библиотеката.
Следната недела следува нова работилница за празникот Бајрам. Мултикултурализмот и адресирањето на меѓу етничките односи во нашето општество претставуваат основа за меѓусебното разбирање и градењето на кохезивно општество. Со денешната работилница сакаме да упатиме јасни пораки за соживот и заемна почит меѓу сите, разбирање, спознавање и негување на вистинските човекови вредности, напредок и благосостојба на сите ученици од различни религии. Заедничките чествувања на празниците имаат за цел да се надминат разликите, да се почитуваат традициите, културата, обичаите, да се дружиме, да има повеќе комуникација, а преку тоа да има и поголема безбедност и доверба помеѓу граѓаните.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook