Драги првачиња и родители,
Со радост Ве информираме дека и оваа година, Националната установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола им подарува на сите првачиња едногодишно бесплатно членство!
Со овој ваучер, Вашето дете ќе има пристап до богатството на знаење и забавни содржини кои ги нуди нашата библиотека. Поттикнете ја љубовта кон книгите уште од најмала возраст и станете дел од нашето книжевно семејство.
Доаѓањето во библиотеката ќе биде уште поинтересно и забавно!
Не пропуштајте ја оваа можност и донесете го вашето прваче до крајот на годината во библиотеката, за да го искористите ваучерот.
Во текот на месец септември секое училиште – секое прваче ќе добие ваучер за бесплатно членство.
Очекувајте не!