Во месец октомври ја привршуваме кампањата за доделување на бесплатни ваучери за првачињата од нашиот град. Денес ги посетивме првачињата од ООУ „Тодор Ангелевски“ на кои им подаривме ваучери за бесплатно да се зачленат во нашата библиотека. Им кажавме дека се што треба да направат е да не посетат со своите родители, да се зачленат бесплатно и да го посетат нашиот детски магацин со книги. Па доколку им се допадне некоја сликовница да си ја изнајмат.

Иако нивното описменување следува во наредните месеци, не е пречка да бидат дел од нашето големо семејство на верни читатели. За почеток се договоривме дека ќе им читаат нивните родителите, а тие ветија и дека сами по сликите ќе пробаат да направат приказна.

Другарувањето со книгата на оваа возраст им помага да фантазираат и да им се развива говорот и формулирањето на реченици, кое е клучно за правилен развој кај учениците и нивен напредок во учењето.

Се гледаме во библиотека!!!

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook