Со радост и насмевки на лицата беа првачињата од ООУ „Даме Груев“ – Битола при нашата посета. Тие добија ваучери за едногодишно бесплатно членство во нашата библиотека. Оваа иницијатива е насочена кон развој на љубовта кон книгите уште од најмали нозе и отворање на врати кон волшебниот свет на пишаниот збор.

Срдечна благодарност до директорката Биљана Дамчевска-Бакиевска за можноста да бидеме дел од овие посебни моменти во првите училишни денови на децата и да им подариме овој мал, но значаен подарок.

Повеќе фотографии на следниот линк; NUUB Facebook