И оваа учебна година НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола ја продолжува кампањата за доделување на Ваучери за едногодишна бесплатна членарина на сите ученици од прво одделение во основните училишта и прва година од средните училишта.

Во рамките на оваа кампања денеска имавме можност да се дружиме со првачињата од ООУ „Св. Климент Охридски“ – Битола, на кои им поделивме ваучери за едногодишна бесплатна членарина во нашата библиотека и им посакавме среќна и успешна учебна година.

Нивните насмеани лица, озарени очиња и кренати рачиња со поделените ваучери зборуваа колку се тие среќни, исполнети, но и желни за знаење, нагласувајќи дека со посета на нашата библиотека би го прошириле своето знаење.

Голема благодарност до директорката Гордана Анастасова која ни дозволи да бидеме дел од првите училишни денови и да ги израдуваме учениците од прво одделение.

Facebook link