Денес имавме можност да се дружиме со првачињата од ООУ„Св. Кирил и Методиј“ – Битола на кои им поделивме Ваучери за едногодишна бесплатна членарина во нашата библиотека и им посакавме среќен почеток.

Со нивните насмеани лица и кренати рачиња тие ни покажаа дека сакаат да читаат и да учат.

Благодарност до директорката Жанета Тошеска која ни дозволи да бидеме дел од нивните први училишни денови.

Facebook link