И овој летен период, нашата библиотека продолжува со активности за заедно да ги поминеме летните горештини во читалните на библиотеката другарувајќи со книгите. Вчера наши гости беа децата од Едукативниот центар „SmartHead“ кои со наставничките Ирена Цветкова и Марина Митеска Каранфиловска ја посетија нашата библиотека како дел од нивните летни активности. Оваа работилницата ја посветивме на една од книгите на писателот Горан Стефановски, книгата „Бушавата азбука“ посветена на една од најубавите детски емисии со истото име „Бушавата азбука“.

По тој повод работилницата ја одржавме во читалната која е посветена на овој великан. Учениците има можност да слушнат за писателот Горан Стефановски и сите заедно да читаме за секоја буква, да играме асоцијации погодувајќи ги професиите кои на многу интересен начин се запишани на секоја страна од оваа книга под секоја буква.

Оваа работилница не само што ги вовлече децата во светот на книгите, туку и ги поттикна да размислуваат креативно и да уживаат во летното читање во нашата библиотека. Развивањето на читателските вештини и креативноста преку такви работилници остава непроценливо влијание врз децата, овозможувајќи им да се заложат во своето лично и интелектуално развојно патување.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook