Книгите се подобри пријатели од луѓето. Тие само даваат, а не бараат ништо. Фрајхер фон Минхаузен, германски писател
Битолчаните секогаш знаат дека книгите се нивните најдобри пријатели. Затоа ние во изминатиов период им овозможивме да другаруваат со најчитаните светски наслови, а тие ни возвратија со редовна посета на Нашата библиотека. Читателите од секоја категорија се дружеа со жанрот кој нив најмногу им одговара, а ние се потрудивме да ги задоволиме и најпребирливите. Но, секоја посета на нашата библиотека не останува незабележана, па затоа НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола и оваа година ги наградува најредовните читатели. Секој читател е посебен за нас. Секое нивно доаѓање и изнајмување на книги од нашата библиотека ние решивме на симболичен начин да ја наградиме и оваа година.
Добитниците на наградите се поделени во неколку категории и тоа:
– Читател на годината од категорија возрасни со најмногу изнајмени книги во 2021 година е:
1. Жанета Тошеска
2. Сане Момчилов
3. Анастасија Шалевска
– Најмлад читател со најмногу изнајмени книги е: Петар Велевски
– Категорија – основно образование, добитник е: Марија Јоновска
– Категорија – средно образование, добитник е: Марија Стојановска
– Категорија- студенти, добитник е: Марија Митревска
– Категорија -пензионери, добитници се:
1. Розитка Тодоровска
2. Владо Ивановски
3. Ратка Дајовска
На наградените им честитаме за наградите и им посакуваме добро здравје, среќа и да продолжат да бидат наши редовни читатели, а на сите останати читатели им посакуваме да бидат дел од оваа манифестација во наредната година.