На ден 15.9.2023 во Библиотеката се прегледаа над 30-тина корисници и беа дел од бесплатните превентивни прегледи.
Корисниците освен што направија прегледи разговараа со докторката за своите здравствени проблеми и терапија, им беше измерен шеќер, притисок и ЕКГ на срцето.
Прегледите се спроведуваат во соработка со Здружение на лекари специјализанти – ЗЛС во рамките на проектот „И ти си важен“ финансиран од Цивка Мобилитас.
Библиотеките се суштински центри на информации и знаење. Кога членовите се здрави, тие се со поголема веројатност редовно да ја посетуваат библиотеката, да пристапат до нејзините ресурси и да ги искористат предностите на едукативните материјали, книгите и дигиталните ресурси. Лошата здравствена состојба може да ја ограничи способноста на поединците да ја посетуваат библиотеката и да имаат корист од нејзините услуги.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook