Оваа година е прогласена за година на Ацо Шопов, 100 години од неговото раѓање. По тој повод библиотеката започнува со реализација на низа активности и работилници во негова чест.
На 20.02. се одржа првата работилница „Ацо Шопов низ периодиката“ во која учество зедоа учениците од IV година од СОУ „Јосип Броз Тито“ под менторство на професорката по македонски јазик и компаративна книжевност Симона Петровска во соработка со библиотекарот Марија Марковска од одделот периодика.
Учениците на оваа работилница има за задача да пребаруваат во стари весници од 1950 година па натаму и да се пронајдат песни или некој текст поврзани со Ацо Шопов. Чувството да се стигни до информации од пишан медиум, наместо да се пребара на интернет, побуди голем интерес кај учениците. Тие за прв пат се запознаваат со начинот на пребарување низ периодика, особено весници кои се стари околу 70 години.
Поради големиот интерес на учениците следуваат уште неколку работилници поврзани со пребарување низ периодичните списанија, весници, зборници.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook