Нашата библиотека цела оваа недела ја посветети на децата и реализира низа активности, во кој акцент се стави на другарувањето со книгата и правото на децата за пристап на информации и подобро образование.

На 23.11.2023 нашата библиотека ја посетија учениците од второ одделение од ООУ „Св. Климент Охридски“ – Битола со наставничките Весна Јанкулоска и Катерина Матевска. Учениците имаа можност да се запознаат со сите оддели на библиотека и нивната функција, да научат нови работи, но и да ни кажат што тие знаат за изворите на информации.

Од библиотекарите учениците имаа можност да слушнат прекрасни приказни за детските фантазии, а потоа најомилената случка да ја илустрираат.

Дете што чита е возрасен што мисли!

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook