„Марч” -Џералдин Брукс

Печати

( 0 Гласа )

„Марч” претставува историски роман чие дејство е сместено во раните денови на Американската граѓанска војна. Главниот лик Роберт Марч е, всушност, отсустниот татко од романот на Луиза Меј Алкот - „Мали женички”. Тој го напушта Масачусетс и патува низ Вирџинија за да ги подучува пребеганите робови на плантажата на Етан Канинг.

На почетокот од секое поглавје, Марч пишува писма до својата жена Марми и се труди секој збор да биде искрен и вистински, но истовремено сака и да ја поштеди својата сакана од болката и од страдањето на животот на Југот.
Романот личи на воен дневник, прикажувајќи како војната ја менува личноста. Емоциите изразени во книгата се универзални, но тие се толку длабоко сместени во умот и во срцето на Марч, така што читателот развива емпатија кон него. „Марч” е прекрасна приказна, која ќе ве натера поинаку да гледате на историјата.