ПРОЕКТ: „Sasas JEKHVAR jekh – СИ БЕШЕ ЕДНАШ“

Печати

( 0 Гласа )

Во рамки на проектот „Sasas JEKHVAR jekh – СИ БЕШЕ ЕДНАШ“, на ден 29.12.2020 година преку платформата zoom се одржа обука за мултиплаери.
Целта на проектот е:

- Пронаоѓање на стари Роми кои знаат ромски бајки и кои би можеле да ги раскажат
- Собирање на ромски бајки од нив
- Проверување на сличностите и разликите на бајките и нивна категоризација.

Во текот на обуката 6-те мултиплаери добија знаење како да ги собираат приказните, да ги категоризираат и како да ги снимаат и зачуваат и како да комуницираат со раскажувачите на приказните.

Проектот е финансиран од програмата Ерасмус плус, координатор на проектот е германската организација JugendStil e.V.