Информативна средба во општина Битола

Печати

( 0 Гласа )

На почетокот на месец ноември 2020 година, координаторот на проектот м-р Фатма Бајрам Аземовска оствари информативна средба со претставникот на општина Битола м-р Виолета Налевска во врска со проектот „SАSAS JEKHVAR JEKH – СИ БЕШЕ ЕДНАШ“. Kако партнер во проектот е вклучена Библиотеката.

Целта на средбата беше информирање на општината за почетокот на стратешкото партнерство „Sasas Jekhvar Jekh – Once upon a time...“ кое започна да се реализира од септември 2020 година.

Почетниот состанок и воведниот тренинг се одржаа во Унгарија од 13-17-ти октомври 2020 година. Исто така се разговараше за целта и активностите на проектот.
Проектот е финансиран со помош на Европската комисија преку Еразмус + програмата, а координатор е германската организација Југендстил.
Повеќе фотографии на следниот линк: Facebook фотографии