Креативни работилници за деца

Печати

( 0 Гласа )

Ученици од прво одделение, слободното време од распустот го исполнуваат со креативни ликовни активности. Децата творат по свој избор и ги изразуваат своите чувства. Имаме цртеж со училиште кое се движи на нозе, короната која ги ограничи детските игри, желбата за спортување на спортските терени. На децата им недостига другарување и учењето во училишните клупи, затоа овие онлајн средби преку mesinger и ЗООМ платформата ги очекуваат со нетрпение. Проектот е поддржан од Министерството за Култура на Република Северна Македонија. На следниот линк следат повеќе фотографии https://www.facebook.com/pg/nuub.mk/photos/?tab=album&album_id=10158707429828679