English French German Macedonian

Ваучери за учениците од ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“-Битола

PDFПечатиЕ-пошта

Ваучери за едногодишно бесплатно членство во нашата библиотека беа доделени на учениците од ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“ - Битола. Учениците овие ваучери можат да ги искористат најдоцна до 1.11.2021 година.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook

 

 

 

 

Ваучери за учениците од прва година во СОЕУ„Јане Сандански“ Битола

PDFПечатиЕ-пошта

Ваучери за едногодишно бесплатно членсто во нашата библиотека беа поделени и на учениците во средното економско училиште СОЕУ„Јане Сандански“ -Битола.
Тие имаа можност да се запознаат подетално со работата на нашата библиотека и начинот на кој што можат да ги користат сите нашите ресурси: читални за индивуална работа и читални за работа во групи, сали за конференции,
пребарување во мрежата Cobiss.net,
бесплатен Wi - Fi., кафемат итн.
Воедно им посакуваме среќни средношколски денови и ги очекуваме во нашата библиотека да ги искористат ваучерите најдоцна до 1.11.2021 година
   

Продолжуваме со доделување на ваучери во ООУ„Коле Канински“ и ПОУ„ Коле Канински“

PDFПечатиЕ-пошта

Овој пат ваучери за едногодишна бесплатна чланарина во НУУБ„Св. Климент Охридски“- Битола, беа доделени на учениците од прво одделение од ООУ„Коле Канински“- Битола и ПОУ„Коле Канински“ во Поешево, Буково и Буковски ливади.
Благодарност до наставничките кои ни помогнаат во реализацијата на нашата кампања „Сите во библиотека“. На овие првачиња, ние од срце им посакуваме среќен почеток и ги очекуваме во нашата библиотека најкасно до 1.11.2021
   

Фантазија и хорор: 10 книги кои ги препорачуваме за бррр и ваууууу

PDFПечатиЕ-пошта

Овој пат НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола Ви препорачува наслови кои одат кон подруги крајности. За сите љубители на фантазијата и хорор книгите ние им ги препорачуваме следниве наслови. Се надеваме дека ќе бидат доволно бррр и доволно вауууу за ваш вкус.

Уживајте со:

1. Ноќно пливање од  Меган Голдин (М II 42 307)

Откако првата сезона од нејзиниот подкаст за вистински злосторства станува сензација преку ноќ и ослободува невин човек од затвор, Рејчел Крол станува општо познато име и последна надеж за илјадниците луѓе кои бараат правда. Но таа е навикната сите да го препознаваат нејзиниот глас, а не нејзиното лице. Затоа се вознемирува кога наоѓа порака на шофершајбната на нејзината кола, адресирана до неа, со молба за помош...

Може ли еден мал град да ги поправи грешките од минатото? Да се искупи за прикриените гревови? И што навистина се случило со Џени?

2. Длабоко во темнината од  Лорет Ен Вајт ( М II 42 310)

Изолирана планинска куќа. Совршено место за да побегнеш од се и да одмориш малку. Толку изолирано место што никој никогаш нема да те најде.....

Ветувањето за луксузен одмор во спа центар во дива природа спојува осум среќни гости на едно место. Но ништо не е онака како што очекувале. Кога опасна бура им оневозможува секаков контакт со надворешниот свет, гостите почнуваат да стравуваат дека ова не е одмор. Туку замка.

Секој од нив има тајна. Секој има нешто што го крие. И сега, кога темнината полека се спушта, сите имаат од што да се плашат… а најмногу еден од друг.

3. Убиствата на Алиса од Гиљермо Мартинес (М II 42319)

Кој сака да го убие носителот на пораката? Кој се крие зад серијата злосторства? Кој и зошто ја користи книгата за Алиса за да убива?...

4. Верити од Колин Хувер ( М II 41 390)

Ловен е авторка на раб на финансиска катастрофа кога прифаќа една од оние понуди што доаѓаат еднаш во животот. Џереми Крафорд, сопруг на легендарната авторка Верити Крафорд, ја ангажира Ловен да ги доврши останатите книги во успешен серијал кој неговата сериозно повредена сопруга не може да го заврши... Но она што Ловен не го очекува е пронаоѓањето на недовршена автобиографија во хаотичната канцеларија, што Верити немала намера никој да ја прочита. Таа автобиографија е полна со грозоморни признанија, а едно од тие признанија е и приказната што навистина се случило дента кога умрела ќерка ѝ.

5. Што знае ветрот од Ејми Хармон ( М II 42 313 )

Но Ирска во 1921 година е опасно време, на раб на војна. А Ен се буди токму таму, во тоа опасно време, повредена и дезориентирана. За неа се грижи доктор Томас Смит, старател на едно младо момче кое за чудо ѝ е познато од некаде. Кога ја помешуваат со одамна исчезнатата мајка на момчето, Ен го присвојува нејзиниот идентитет, убедена дека исчезнувањето на жената е некако поврзано со нејзиното.

Кога тензијата расте, Томас се приклучува на ирскиот отпор за независност, а и Ен се вмешува во конфликт покрај него. Распната помеѓу историјата и своето срце, таа мора да одлучи дали е подготвена да се откаже од својот стар живот за нов живот со љубов каква што мислела дека никогаш нема да пронајде. Но, на крајот, не се знае дали тој избор воопшто е во нејзини раце…

6. Убиства со монограм од Софи Хана ( М II 41 672)

Мирната вечера на Херкул Поаро во едно лондонско кафуле ја прекинува непозната жена што му се доверува дека наскоро ќе биде убиена. Иако видно уплашена, таа го моли Поаро да не го бара нејзиниот убиец бидејќи со нејзината смрт правдата ќе биде задоволена. Истата вечер во еден отмен лондонски хотел се убиени тројца гости, а на секого од нив во уста му е оставено по едно копче. Дали овие убиства се поврзани со преплашената жена?

7. Куќата на гласовите од Донато Каризи (М II 41 758)

... Пјетро Гарбер не е обичен психолог...Пјетро е најдобриот во цела Фиренца, каде што е познат како “заспивачот на деца“.Но, при повик од другата страна на светот, од колешка од Австралија која му препорачува пациент, Пјетро реагира збунето и со недоверба. Хана Хол не е дете, туку возрасна личност. Таа е прогонувана од сеќавање од детството, кое можеби не е реално.

8. Девојката од мочуриштето (М II 41565)

...кога кон крајот на 1969 година богатиот Чејс Ендруз ќе биде пронајден мртов, сомнежот на мештаните веднаш паѓа врз Каја Кларк, таканаречената Девојка од мочуриштето. Меѓутоа Каја не е онаква каква што ја опишуваат...

9. Деца на злото од Миодраг Мајиќ (М II 41487)

...како да се пронајде виновникот во свет во кој вистината е изобличена, а минатото на јунаците е вткаено во нивната сегашност со нераскинлива поврзаност со злото?

10. Лузна од Хуан Гомес Хурадо (М II 41539)

...додека не води од предградијата каде што оперира чешката мафија, до планините на Авганистан, преку Украина и руските степи, вешто прелетувајќи ги минатото и сегашноста, авторот ни го наметнува прашањето: колку далеку би оделе за оној кој го сакаме?

 

   
Сподели на Facebook

Сендмен
Лаш Кеплер

Книгата "Сендмен"
преставува уште едно
прекрасно дело на
познатото дуо Лаш
Кеплер. Во овој најнов
психолошки трилер ќе го
запознаете Микаел Колер
- Фрост момче кое една
студена зимска ноќ е
пронајдено како талка
по железнички мост во
Стокхолм...
Прочитај повеќе...


Продавачот на сладолед
Катри Липсон

Естер тргнува со
непознатиот маж Томаш
како негова сопруга,
барајќи мирно место во
провинцијата. Нивното
патешествие го снима
режисер, кој што сака
да го имитира реалниот
живот создавајќи филм
без претходно напишано
сценарио...
Прочитај повеќе...


Град од пареа
Карлос Руиз Зафон

Оваа книга претставува
збир од 11 приказни.
Меѓу овие приказни ќе
сретнете: момче кое
решава да стане писател
кога открива дека
неговите фантазии го
поттикнуваат вниманието
на едно девојче кое го
заробило неговото срце.
Бегството на еден
архитект од Константи-
нопол каде се планира
да се гради несовлад-
лива библиотека..
Прочитај повеќе...


Помладиот брат
Ханс Ерих Носак

По десетгодишен престој
во Бразил, инженерот
Штефан Шнајдер се
враќа во Хамбург. По
враќањето затекнува
една поинаква Германија
која сè уште ги носи
лузните од разорувањата
на Втората светска
војна, сè уште жива, но
досега невидена во
ваква состојба.
Прочитај повеќе...


Мојата сестра сериски
убиец - Ојинкан
Брејтвејт

Три убиства веќе те
прават сериски убиец.
Или не? Кореде е
огорчена. И, како да
не биде?! Нејзината
сестра Ајола е многу
нешта: омиленото дете
најубавата ќерка, но
веројатно и – социопат.
Кога вечерата на Кореде
е прекината од
вознемирувачкиот повик
на сестра ѝ Ајола..
Прочитај повеќе...


La sans pareille
Љубовен роман со
додатоци
Милисав Савиќ

Се разбира дека не е
само љубовна приказна!
И покрај многубројните
елементи што
потсетуваат на
романтичните љубовни
стории на Казанова,
Ана Каренина, дамата со
кученцето, романите на
Црњански….
Прочитај повеќе..


Меден месец
Кристина Лорен

Олив Торес е навикната
да биде баксузната
близначка. Од
необјасниви несреќи до
неодамнешно отпуштање
нејзиниот живот се чини
дека е речиси
трагикомичен. Спротивно
на тоа, сестра ѝ Ами е
вечна шампионка...
Прочитај повеќе..


Dubina slave - Deo I
Irving Stoun

Veličanstvena priča o
žestokoj borbi čoveka
čija strast prema
umetnosti i životu
nikada nije posustajala
poput svetionika koji
mu je davao snagu i
hrabrost i u najtežim
trenucima, oblikujući
svaki aspekt njegovog
postojanja..
Прочитај повеќе..


Kameni splav
Saramago

Mada deluje apsurdno
počeli smo da verujemo
kako postoji određena
veza između onog što nam
se dogodilo iodvajanja
Španije i Portugalije od
Evrope, mora da ste čuli
za to. Čula sam, ali u ovim
krajevima nismo ništa
primetili, ako pređemo
preko ovih planina i
spustimo se do obale
more je uvek isto.
Прочитај повеќе..


Bosonoga kraljica
Ildefonso Falkones

Dirljiva priča o prijateljstvu
strasti i osveti koja spaja
dva ženska glasa u
potresnoj pesmi za
slobodu u Španiji XVIII
veka. „Pevaj dok u ustima
ne osetiš ukus krvi...“ U
januaru 1748. godine
jedna crnkinja luta
ulicama Sevilje.
Прочитај повеќе..