Оваа година нашата библиотека слави 78 години од нејзиното основање. По тој повод започнуваме со низа активности.

Со торта и подароци, роденденот на библиотеката го прославивме заедно со децата, родителите и професорките од Државното средно училиште за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ – Скопје кои имаат дисперзирани паралелки во нашиот град.

Директорот на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола м-р Бојан Стефановски по повод роденденот на библиотеката им подели на учениците материјали за работа им посака да учат и библиотеката ќе биде нивен сојузник преку вклучување во различни активности на библиотеката, се со цел да им се олесни процесот на образование.

Со искрени желби пеевме, другарувавме и се забавувавме со нашите нови другарчиња.

Библиотеката веќе започна со реализирање на проектот „Забавни креативни работилници за поттикнување на читањето на деца со попреченост“ одобрен од Министерството за култура на Република Северна Македонија во кој се вклучени децата од ова училиште.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook