На 13.05.2023 година во соработка со студиото „Адамс АРТ“ предводено од Анкица Стевановска се реализира третата работилница од проектот „Биди свој! Креативни работилници за сите возрасти“. Проектот е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

Проектот има за цел да си насочи луѓето кон исполнување на слободното време со активности во кои ќе ги развијат нивните мисловни способности и идеи. Третата работилница ја насочивме кон сликањето со различни техники а темата за цртежите беше книгата.

Учесниците на работилницата имаа можност да фантазираат, да другаруваат и да бидат креативни во она што ги прави среќни, а тоа е сликањето.

Цртежите од работилницата ќе бидат изложени во холот на Библиотеката на 16.05.2023 (вторник) во 18 часот.

Координатори на проектот:

Маријан Колевски и м-р Гордана Ѓоргиевска-Неделковски

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook